16 Јануари, 2025
0.0280

Трет средношколски марш: Гимназијалците ќе го спасуваат образованието!

Објавено во: Македонија 20 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Средношколците веќе со денови ја бојкотираат наставата. Сплотени како никогаш досега, велат дека нема да дозволат да се спроведуваат лошите реформи и да се уништи образованието.

За во четврток со почеток во 12 часот пред Фонтаната во градски парк тие го најавија третиот средношколски марш.

„По 10 дена бојкот, време е да се собереме сите заедно на улица, СРЕДНОШКОЛЦИТЕ, но и сите што не поддржуваат во борбата за поквалитетно образование. Нема да дозволиме да се спроведуваат лошите реформи, нема да дозволиме да ни го уништат образованието!“, порачуваат средношколците.

Потенцираат дека игнорантскиот однос на министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми не ги демотивирал, туку напротив ги поттикнало да ја продолжат борбата за подобро реформирано образование.

Ставот на средношколците дециден:

„Нашите активности нема да запрат се додека не бидеме повикани на средба, се додека нашите барање не се исполнат.

Ова е само почеток. Притисоците нема да не спречат, директорите нема да не разубедат. Имаме цврст став и до него ќе се држиме, а тоа го покажува и фактот дека за 11 дена сме повеќе од 18000 средношколци борци за поквалитетно образование“.

„Наша должност е да го спасиме од сите експерименти кои му се вметнати и не водат кон пропаст. Тоа е коренот за подобро општество, она од кое произлегува сè друго“, вели еден наш извор кој сакаше да остане анонимен.

Целосна поддршка од наставничкиот пленум добиваат средношколците.

„ Како наставници сметаме дека е наша професионална и граѓанска одговорност и обврска да ги поддржиме средношколците на маршот закажан за 23.04.2015 година.

Сведоци сме дека средношколците во изминатиов период ги искористија сите можни начини кои им стојат на располагање за да го изразат својот револт кон проблемите со кои се соочуваат во образовниот процес, со главен акцент врз екстерното тестирање и државната матура.

При ова тие покажаа исклучителна истрајност, храброст и посветеност на идејата која ја застапуваат. Сведоци сме и на игнорантскиот однос од страна на МОН, и секојдневните притисоци на кои се изложени учениците и наставниците во училиштата.

Со цел да укажеме на потребата за дијалог и изнаоѓање на прифатливо решение за 20 000 средношколци, нивни родители и околу 2000 наставници, спремни сме да излеземе на закажаниот марш на средношколците и да ја искажеме нашата поддршка и апел за започнување на дијалог на надлежните структури од МОН со средношколците.

Истовремено ги повикуваме родителите, студентите, професорите и сите одговорни граѓани да се приклучат кон настанот, бидејќи во овој момент на средношколците им е потребна поддршка повеќе од кога и да е.

Се надеваме дека низ дијалог ќе се изнајде прифатливо решение, што ќе придонесе за поквалитетно образование“, стои во официјалното соопштение на овој Пленум.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира