17 Декември, 2025
0.0620

Три лица под истрага за одгледување на марихуана во Карбинци ​

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2022 18:33

Добивај вести на Viber

Три лица под истрага за одгледување на марихуана во сeлото Карбинци. 

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничените, во периодот на месец март и април 2022 година заедно, како повеќе лица, неовластено набавиле семенски материјал од растението ,,Cannabis sativa“ од непознати лица и го засадиле на нива во атарот на с.Карбинци, сопственост на првоосомничениот. Откако растението достигнало висина од 30-60 сантиметри, првоосомничениот на 9 јуни ги искосил растенијата и ги оставил на парцелата да се сушат.

Во текот на вчерашниот ден, првоосомничениот со трактор го обработил насадот, по што пристигнале и останатите осомничени за да ја утврдат состојбата со сушењето на марихуаната што неовластено заради производство и продажба на наркотична дрога ја одгледувале. Во полициската акција координирана од страна на предметниот јавен обвинител, осомничените се лишени од слобода, а на парцелата се пронајдени вкупно 15.415 стебла. При претрес на дом и други простории, во двор од куќата кај второосомничениот се пронајдени неовластено посадени и одгледувани 37 стебла марихуана. Воедно, при акцијата се пронајдени уште 690 стебла за кои по прибирањето на доказен материјал и по утврдувањето на сторителот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.

За ова кривично дело на сторителите согласно одредбите од Кривичниот законик им е запретена казна затвор од најмалку пет години.​

Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“