16 Декември, 2025
0.0544

Три милиони евра за нови работни места на Западен Балкан

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2016 13:10

Добивај вести на Viber

Европски проект вреден три милиони евра треба да овозможи зголемување на работните места во дел од државите на Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, соопштено е на денешната промоција во Брисел.

Станува збор за заеднички проект на Меѓународната организација на трудот (ILO) и на Советот за регионална соработка (RCC), кои треба да создадат „Платформа за економски и социјални прашања“, која ќе се применува во Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија.

Главна цел на платформата, финансирана од ЕУ, е да се засили регионалната соработка и институционалните капацитети на националните администрации, на работодавачите и на синдикатите, со цел да се создаде ефективен пазар на труд и да се имплементираат реформи во социјалните политики, соопшти RCC.

12814333_837106019728922_5998962187342664225_n

Потпишувајќи го договорoт за проектот, Генералниот секретар на RCC, Горан Свилановиќ изјави дека работејќи со заеднички напори, „Советот очекува да придонесе во засилување на капацитетите на јавната администрација за подобрување на мониторингот врз вработувањата, врз човечкиот капитал и социјалните политики“.

Регионалнито директор на ILO за Европа и Централна Азија, Хајнц Колер, изјави дека „со оваа иницијатива ќе се даде дополнителна димензија на постоечката соработка со ЕУ. Со тоа ќе се поттикнат вкрстувањата и мрежите меѓу институциите што управуваат со пазарите на труд на Западен Балкан и институциите на Европската унија“.

Проектот ќе трае 36 месеци, а тимот што ќе го спроведува ќе биде сместен во Сараево.

Советот за регионална соработка е меѓувладино тело на земјите од региониот меѓу кои и Македонија и е еден вид оперативно тело на SEECP, Процесот за соработка во Југоисточна Европа, каде што Македонија е полноправна членка.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив