Тридневна Цевитана бабл фудбал забава на Д фестивалот во Дојран
Објавено во: Мои пари 13 Јули, 2016 13:25
Адреналинската спортска атракција Цевитана Bubble Football продолжува во Дојран каде натпреварите ќе се одржат во склоп на Д фестивалот. Во текот на трите фестивалски дена, од 15-ти до 17-ти јули во автокампот Партизан од 17-20 часот ќе се играат натпреварите меѓу пријавените тимови, а посетителите ќе можат да уживаат во новите вкусови на Цевитана и ова атрактивно фудбалско доживување.
Сите оние кои сакаат да пријават екипа за бабл фудбал треба да состават тим од 5 натпреварувачи на возраст од 15-45 години. Пријавувањето е во тек и се одвива на Фејсбук страната на Цевитана во инбокс: facebook.com/Cevitana.mk или може да се пријават непосредно пред турнирот, во самиот камп Партизан во Дојран.
За најдобрите и најталентирани во бабл фудбалот ќе има и награди, а како за натпреварувачите, така и за посетителите ќе следат и дополнително бројни подароци и изненадувања. Покрај возбудливиот турнир во фестивалскиот камп ќе биде поставен и Цевитана корнер каде камперите ќе може да се релаксираат и да се освежат со новите вкусови на Цевитана: манго, грејпфрут и мента и лимон.
Цевитана корнерот ќе понуди и други содржини и занимации, како, играње фудбалче, пикадо, табла и уште неколку други друштвени игри.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




