01 Јуни, 2024
0.1665

Tркалезна маса на тема „Жените на пазарот на труд: Стереотипи и предизвици“

Објавено во: Мои пари 07 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

FINANCE THINK - Институтот за економско истражување и политики - Скопје, вчера на тркалезна маса на тема „Жените на пазарот на труд: Стереотипи и предизвици“, дискутираше за економската еднаквост на жените во Македонија.

На настанот, беше презентирано видео за зголемување на свеста за постоењето на родовиот јаз во плати во Македонија (https://www.youtube.com/watch?v=TYGeatkmL3U). Во Македонија жените во просек заработуваат околу 10,5% помала плата од мажите. Кога ќе се земат предвид индивидуалните карактеристики како: образование, возраст, образование, овој јаз се зголемува и до 18%. Јазот е најголем кај лицата со најмногу основно образование, а исчезнува кај лицата со високо образование.

Дебатата ја отвори Благица Петрески, Извршен директор на Finance Think. Таа зборуваше за мотивацијата и целта на дебатата. „Кога се зборува за родова еднаквост, вообичаено се дискутира за еднаква застапеност на различни позиции, во различни тела, и еднаквоста се гледа низ призмата на квоти. Но, многу помалку се дискутира за еднакво вреднување на половите и за економската еднаквост. Таквата состојба не мотивираше, родовата еднаквост да ја истражиме од еден друг аспект, но многу поважно да ја отвориме темата и отворено да дискутираме за предизвиците и стереотипите за економската еднаквост на жените на пазарот на труд“, истакна Петрески.

„Целта на оваа дебата не е да докажуваме кој е повреден, не е целта ниту да поставуваме натпревар помеѓу мажите и жените. Целта е прво да прифатиме дека постојат економски јазови, дека жените во просек се помалку платени од мажите, но исто така да поттикнеме размислување како овие јазови да се надминат. Доколку сакаме да постигнеме родова еднаквост, потребна е вклученост од сите, тоа не  е проблем само на жените. Замислете семејство каде што жената е економски еднаква со сопругот, бенефитите ќе ги почуствув најпрво потесното семејство а потота и целокупното општество. Оттука, поддршката е можеби и најзначајниот елемент кој може да ја поттикне еднаквоста. Затоа, нас  ни се потребни се повеќе борци за родова економска еднаквост од машки пол. На тој начин ќе започнат да се рушат стереотипите, а темата за родова еднаквост нема да се третира како “феминистичка” кампања, туку како потреба да се искористи економскиот потенцијал кај жените, кој во моментот не е целосно искористен“.

Доминика Стојановска од UN Women зборуваше за Прогресот на жените во светот (2015-2016) низ призмата на економските и социјалните димензии на родовата еднаквост. Ваквата состојба, како што истакна Доминика Стојановска од UN women, помалку или повеќе е карактеристична за сите земји, што го покажува и последниот извештај на ОН кој се однесува на економските и социјални права на жените во минатата и оваа година. Извештајот, додаде Стојановска ги детектира причините за тоа, а како што посочи се однесуваат на фактот дека макроекономските политики не се во насока на унапредување на овие состојби, дека жените најчесто се застапени на многу ниско платени позиции и работни места, дека извршуваат неплатена работа и оти тие најчесто се грижат за домот и семејството што ја намалува нивната можност за напредок. Извештајот предгала приоритети кои треба да се земат предвид за да се направи родова еднаквост. Мора да се создаваат подобри работни места да се вклучат жените во пазарот на труд, да се емлиминиара сегрегација односно поделба на машка и женска работа или професија, мора да се обезбедни економската сигурност на жената, неплатениот труд во еден момент мора да се квантифицира, да се разгледа дали има покриеност на социјални услоги како градинки и училишта..., рече Стојановска.

13615296_616902725152321_5403478248081541114_n

Жаклина Гештаковска Алексовска од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) смета дека намалувањето на јазот во платите меѓу жените и мажите е можно со создавање на рамноправни услови за жените, но и со укажување на оние кои вработуваат што добиваат доколку на одредени позиции или работни места постават жени. Потребно е,  рече Гештаковска Алексовска, и зголемување на самодовербата кај жената за она што може да го направи и работи и за своите можности кои се однесуваат на кариерата и работата, зашто, како што рече многу малку од нив прифакаат повисоки позиции.

13620990_616902985152295_5333931397518332298_n

Санела Шкриељ, од Фондација за поддршка на претприемништво на жени и млади Егалите истакна дека не проблемите со кои се соочуваат жените се исти, без разлика на етничкат априпадност. Главен проблем е пристапот до услуги. Шкриељ истакна, не е доволно да се развива само свесноста на жените з анивно вклучување на пазарот на труд, потребно е да им се подобрат услугите како транспорт и градинки.

Марија Башевска од Реактор - Истражување во акција говореше за причините за неактивност на жените на пазарот на труд. Како главни причини ги наведе: грижата за семејството, за деца и постари лица.

На настанот беа доделени награди и прогласени победниците од Конкурсот за цртеж и стрип „Родова и мајчинска економска нееднаквост“.

Тркалезната маса е во рамки на проектот “Heroes and she-roes”: Знаење за анализа и застапување за еднакви плаќања на жените и мајките во Македонија (SHE-ROES), поддржан од Know-how Exchange Program – Австрија преку Централноевропската иницијатива.

Можеби ќе ве интересира

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

Бимилк Денот на млекото го одбележа со продолжување на стратешкото партнерство со СОС Детско село

Бимилк Денот на млекото го одбележа со продолжување на стратешкото партнерство со СОС Детско село

Новите MINI автомобили се уште постилски, дигитални и харизматично едноставни

Новите MINI автомобили се уште постилски, дигитални и харизматично едноставни

Ananas слави една година во Македонија со голема роденденска кампања

Ananas слави една година во Македонија со голема роденденска кампања

ВАЖНО ЗА СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: Поврзете се преку Алумни асоцијацијата, таа нуди бројни придобивки

ВАЖНО ЗА СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: Поврзете се преку Алумни асоцијацијата, таа нуди бројни придобивки

Проектот „Порта Европа“ ќе продолжи да живее преку книгите и читателите

Проектот „Порта Европа“ ќе продолжи да живее преку книгите и читателите

Вистинска инспирација за новата генерација на втората конференција „Чувари на мудроста“

Вистинска инспирација за новата генерација на втората конференција „Чувари на мудроста“

Следете го UEFA EUROTM 2024 на светскиот број еден Hisense телевизор од 100 инчи

Следете го UEFA EUROTM 2024 на светскиот број еден Hisense телевизор од 100 инчи

“Code Your Future” – Практикантската програма на AITONIX е отворена!

“Code Your Future” – Практикантската програма на AITONIX е отворена!