Тројца млади таленти ќе учат од Лазаров на неговиот камп, благодарение на ENG SERVICE TRADE
Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2016 08:55
Кирил е нашиот најголем амбасадор, кој поседува вредности кои треба да ги има секој млад човек. Кампот како проект е нешто феноменално и сигурни сме дека децата ќе има што да слушнат и видат, а и ние сме тука да обезбедиме да учат од најдобриот македоски спортист.
Минатата година на едно младо момче од Охрид преку еден од нашите пријатели му овозможивме да ја почуствува магијата на ракометот и да се едуцира и дружи со најдобриот десен бек во светот на ракометот. Оваа година си зададовме цел да им помогнеме на повеќе дечиња кои иако имаат огромна желба да го посетат кампот на капитенот, нажалост нивните родители не се во можност да им го исполната сонот. И успеавме.
Македонската компанија ENG Service Trade која се занимава со трговија и снабдување со електрична енергија и која е супер успешна во својата дејност покажа дека големината на една компанија не е само нумерички податок. Големината е во помагањето, а во нашиот случај тоа е остварување на сонот на три момчиња и девојчиња да присуствуваат на кампот на Кирил Лазаров.
„ Со растењето на компанија, изминативе неколку години расте и свеста на сите нас во ENG Service Trade дека треба да помагаме и да вложуваме во нашата иднина, а тоа се младите кои преку спортот ќе се развијат во здрави личности како во физичка така и во психолошка смисла.
Кирил е нашиот најголем амбасадор, кој поседува вредности кои треба да ги има секој млад човек. Кампот како проект е нешто феноменално и сигурни сме дека децата ќе има што да слушнат и видат, а и ние сме тука да обезбедиме да учат од најдобриот македонски спортист“ – Сања Божиновска, директор на ENG Service Trade.
Се гледаме во Охрид!
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




