Тројца починале од срцев удар поради загубите од поплавите
Објавено во: Македонија 10 Август, 2016
Тројца луѓе кои го преживеаја силното невреме во саботата, подоцна починале од срцев удар поради стресот и загубите.
Тие не можеле да се помират со загубата на најблиските, имотот и покуќнината.
„Луѓето во вакви услови се изложени на кризи, кризни состојби, пострауматски состојби и акутни состојби на стрес во народот познати како шок состојби. Во вакви состојби има едни неадекватни реакции. Поминуваат за неколку минути, за неколку часови, неколку денови, но може и да потрајат и неколку месеци“ - изјави Василаки Карапашев од Итната медицинска помош во вестите на Канал 5.
Во поплавите во скопско има 22 мртви, а за исчезнати се водат неколкумина.