ТРОПСКИ ДЕНОВИ ни тропаат на врата
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2015
Топли температури од денес пристигаат и во Македонија, а според проценките на експертите најстрашен топлотен бран треба да се очекува во западна Европа каде температурата ќе надминува 40 степени, додека кај нас во ладовина ќе бидат околу 36.
Од денес Македонија очекува пораст на температури и таа во секој нареден ден ќе продолжи да расте.
-Тропскиот бран и температури до 30 степени треба да очекуваме за викендов, а од понеделник и во текот на следната недела ќе продолжат да се редат тропски денови.
Многу мала е веројатноста дека живата во термометарот ќе стигне до 40 степени, а врелиот бран ќепродолжи во текот на месец јули.
Уште сега лекарите советуваат внимание при големи температури, бидејќи тропските денови може да бидат и смртоносни. И советуваат да го избегнуваме најврелиот перидо од денот и задолжително носење шише вода и заштитник од сонце.