Добивај вести на Viber
Референдумот за ГТЦ ја нема потребната излезност за да биде успешен. Според информациите кои ги потврдија од ДИК и од општина Центар таа изнесува 40, 5 отсто, односно фалат 10 отсто за тој да биде успешен.
За иницијативата „Го сакам ГТЦ“ резултатот е поттик за борба понатаму, бидејќи велат ова е најголема бројка, бидејќи досега ниту еден полиитчар не освоил повеќе гласови.
Сепак, голем број граѓани се револтирани од неуспехот а на социјалните мрежи го искажуваат своето разочарување од начинот на кој била водена кампањата. Многумина се зачудени од резултатот, бидејќи очекуваа дека над 21000 граѓани ќе излезат и ќе кажат НЕ за барокот врз ГТЦ. Тоа сепак, се покажа како невозможно.