Добивај вести на Viber
Невладината ЦИВИЛ јавува за неправилности при гласањето на реферeндумот во Центар.
„На улица Народен фронт бр. 19 и на уште две адреси на улица Коста Шашов во населбата Капиштец, општина Центар, лифтовите намерно се расипани, според сведочењата на граѓан(к)ите. Плакатите од кампањата на Референдумот за ГТЦ се кинеа и во текот на минатата ноќ. И пред седиштето на ЦИВИЛ, плакатите на кампањата беа скинати и фрлени пред влезот“ известија од ЦИВИЛ.
Додаваат дека во гласачкото место број 2809 на ул. Народен Фронт бр. 21, Избирачкиот одбор откина осум гласачки ливчиња сосе делот кој треба да остане во кочанот.