ТУПАНЧЕСКИ: СУДЕЊАТА ОД ДАЛЕЧИНА СТАНУВААТ РЕАЛНОСТ, дигитализирано судство е поефикасно и потранспарентно
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2022 12:17
Во време во кое човекот со напредните технологии успеа да стигне до простори во вселената на светлосни години оддалеченост и за тоа добива информации скоро во реално време, не треба да имаме сомнеж дека државата треба да направи се овие технологии да ги стави во функција и на пристапот до правда на граѓаните, посочи Министерот за правда, Никола Тупанчески на Меѓународната конференција за дигитализација на судството во Охрид на тема „Придобивките од 4-та индустриска револуција како механизам за враќање на довербата на судството“.
- Задоцнетата правда граѓанинот често ја доживува како најголема неправда, а дигитализацијата во правосудството ќе ги забрза постапките на сите нивоа, ќе го олесни доставувањето на докази и документи, комуникацијата меѓу засегнатите страни и институции и ќе ја подигне правната сигурност и довербата на граѓаните во правосудството. Периодот во кој живееме, а особено изминатите две години на пандемија, изолација и редуцирани услуги за граѓаните во сите сфери, уште еднашни потврдија дека дигиталниот напредок треба максимално да се стави во функција на подобрување на животот на граѓаните - рече Тупанчески.
Дигитализираното судство, потенцираше Тупанчески е карактеристика на секоја модерна и напредна држава. Дигитализацијата и интероперабилноста се процеси кои неминовно го тангираат функционирањето на судството кое што не може да остане имуно на придобивките што со себе ги носи вештачката интелегенција, напредокот и усовршувањето на техничките и оперативните перформанси на ИКТ алатките. Дигитализирано судство е поефикасно и потранспарентно судство. Министерот за правда се осврна и на активностите кои се преземаат а се во насока на реализација на Планот за дигитализација на правосудството.
- Инсталирана е ИКТ опрема во судниците во 5 основни судови: Кавадарци, Струмица, Штип, Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје. Обезбедени се дигитални услуги за граѓаните, брз, лесен и едноставен начин на барање и добивање на документи. Со дигиталното судство ќе се овозможи побрза правда и ќе се намали корупцијата. Ќе се намалат трошоците во судските постапки, странките ќе заштедат на време, ќе има помал број на одложени судења - укажа Тупанчески.
Тој посочи дека очекува целосната дигитализација во над 186 судници во 34 судови, што според него ќе влијае на подобрување на судскиот интегритет, отчетноста, јакнење на довербата на јавноста, но и врз заштитата на системот.
- Судењата од далечина веќе стануваат реалност. Но тие се само еден аспект на дигитализацијата која опфаќа низа други електронски можности, како што се е-доставата, дигиталното регистрирање на рочиштето и креирање записници во електронска форма, размената на дигитални информации, докази и слично од кои што дел влегуваат во интероперабилноста - порача Тупанчески.
Министерот за правда Никола Тупанчески информираше дека во 2022 година за дигитализација во судството се предвидени 130 милиони денари, од кои 90 милиони денари за набавка на нови сервери за 24 судови и за Судскиот совет, 20 милиони денари за опремување на судските сали за обезбедување функционалност на опремата за аудио и визуелно снимање на судски рочишта и 20 милиони денари за набавка на компјутери, принтери и скенери.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




