Туристите кои беа заглавени во Турција се на пат кон дома
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2015
Многумина од вас веројатни имаа убави првомајски празници , но не и македонските туристи кои наместо да уживаат во убавините на Турција три дена поминале низ нервирања и голгота.
Телма информира дека после 12 часа хоророт на 400 македонските туристи во Истанбул, кои беа заглавени во хотелот Севџан завршил.
Од МНР за овој медиум потврдиле дека на патниците им се вратени пасошите и тие се тргнати на пат за Македонија.
Претходно менаџерот на хотелот изјави дека агенцијата не им платила за престојот и тие затоа им ги задржале патните исправи.
Надлежните од агенцијата биле повикани во полиција каде дале изјава, а за случајот го информирале и македонскиот конзулат.
Проблемите со агенцијата започнале уште на почетокот. Патниците не биле сместени во хотели за кои платиле туку во хотел блиску до аеродромот. Затоа секој ден морале да патуваат до центарот на градот. Никој од нив не насетувал дека ќе бидат заглавени во Турција поради долг на агенцијата со која патуваат, пишува Телма.