Добивај вести на Viber
За неполни три дена, полицијата го откри и уапси непознатиот човек кој силуваше 12-годишно девојче во гаража близу Млечниот ресторан во скопската населба Карпош. Насилникот, чие име не е соопштено, а за кој девојчето верува дека има околу 40 години, му е одреден едномесечен притвор.
Силувањето на дванаесет годишната ќерка во полиција го пријави В.Т.
Девојчето возејќи велосипед во населбата, во еден момент застанало до непознатмаж, кој одел пеш, и од него побарало 20 денари. Човекот и рекол дека ќе и даде, но ако со него дојде до блиската гаража. Верувајќи му на чичкото, девојчето тргнало со него.
Наместо 20 денари, „дарежливиот“ човек и дал 500 денари и потоа брутално ја силувал во гаражата. На заминување и се заканил да не кажува никому ништо.
Девојчето, сепак, и раскажало се на мајка си, која случајот го пријавила во полиција, а набрзо педофилот е уапсен и ставен зад решетки. Тој ќе одговара за кривично дело-полов напад на дете кое не наполнило 14 години.