Убавините на Македонија и кичот во Скопје-во репортажа на Л.А.Тајмс
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2016
Престижниот американски магазин Лос Анџелес Тајмс направи репортажа за Македонија.
„Истражете ги пештерите. Прошетајте по тврдините од 6-ти век. Уживајте во свежа риба. Задоволствата од недоволно истражената Македонија“...вака почнува текстот кој ги опишува убавините на Македонија.
Репортажата ја пишува новинарката Марго Фајф која Македонија ја претставува како едно од од најдобрите изненадувања во Европ
„Дел од поранешна СФР Југославија, до независноста во 1991 година, таа претставува спој на цивилизации, на крстопатот помеѓу Истокот и Западот. Македонија е богата со културни спомени на долгата и бурна историја, со планини, спектакуларни реки, планински врвови и со национални паркови.
Со приближна големина како сојузната држава Вермонт, Македонија денес е парламентарна демократија, и е безбедна и пријателска земја, која не е скапа за гостите од странство. Најдобро од се, е што дава топло добредојде на сите кои ќе ја посетат.
Македонија е една од последните неоткриени дестинации во Европа, која веројатно ниту луѓето од Западна Европа не ја посетиле“,пишува во репортажата.
- Македонија со лесно достапните природни предели е како создадена за активности во природа, како што се пешачењето, планинарењето, возењето велосипед, истражуваењто пештери и веслањето - се наведува во репортажата.
Сепак, новинарката во репортажата одвојува дел и за главниот град, во кој дел со невероување ги опишува импресиите од Скопје 2014.
,,Дел од урбанистичкиот проект ,,Скопје 2014,, неверојатен број на неоклсични згради и нови градби кои што изникнаа во 2010 година. Тоа е дел од владиниот план за обнова на главниот град, како историски град со корени назад кон Александар Велики, кој што јава, поголем и од животот, на коњ на врвот на пиедестал на плоштадот Македонија. Проектот ги крие и зградите од Советската ера, позади пластови на бел малтер и фигури на нимфи на покривите. Многу контроверзно за оваа превисока цена, во земја која што се бори со стапка на невработеност од 25 %, да се појавуваат структури и скулптури како да е носталгична по Лас Вегас. Весникот ,,Гардијан,, го сотре со зборови Скопје нарекувајќи го ,,Град на кичот,,. Во овие неумесни кичести услови се наоѓаат и спомен обележја на Мајка Тереза, која што е родена во Скопје,, – известува репортерката.