16 Јануари, 2025
0.0305

УГОСТИТЕЛСТВО: Можно скратување на работното време на кафулињата до 23 часот?

Објавено во: Македонија 24 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Министрите за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и за економија, Беким Незири, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, угостители од Скопје и претставници на куќни совети од станбени згради денеска дебатираа за предлог- измени на Законот за угостителска дејност, во врска со прашањата за зголемената бучава од угостителските објекти, и нарушувањето на јавниот ред и мир на кои се жалат граѓаните.

Целта на предложените измени, потенцираа Јанкулкоска, Незири и Трајановски, е да се направи баланс помеѓу потребите за бизнисот на угостителите и барањата на граѓаните за мирно и спокојно живеење, како нивно право.

Министерката Јанкулоска во своето обраќање истакна дека поводот за денешната дискусија се зачестените пријави од граѓани во кои се укажува на пуштање гласна музика, непочитување на работното време и поголемо нарушување на јавниот ред и мир во угостителските објекти, особено во оние што се лоцирани во станбена зграда, со што се нарушува мирот и спокојството на граѓаните и се оневозможува нивното нормално живеење.

- Граѓаните своите пријави ги поднесуваат до МВР, како единствен орган кој во текот на 24 часа презема дејствија за разрешување на ваквата состојба, во согласност со законските надлежности. Во текот на 2014 година до МВР има поднесено вкупно 714 барања за поведување прекршочна постапка за прекршоци против јавниот ред и мир, учество, предизвикување или поттикнување тепачка, вознемирување со гласна музика, фрлање, кршење на разни предмети, карање, викање и непристојно однесување и друго. За да се надмине ваквата состојба, потребно е да се пристапи кон измена и дополнување на предметниот Закон, рече меѓу другото Јанкулоска.

Министерот Незири изјави дека целта на овие средби е отворено да се продискутира и да се најде најсоодветно решение за надминување на посочените проблеми.

- Целта на законските измени е да не се нанесе штета на угостителската дејност, но да им се излезе во пресрет и на граѓаните. Нашата цел е да ги штитиме интересите на граѓаните, но и на бизнис заедницата. Затоа, за оваа проблематика најотворено ќе разговараме со сите засегнати страни, рече Незири.

Градот Скопје, потенцира градоначалникот Трајановски, преку голем број проекти ги поттикнува угостителските објекти да ја подобрат својата понуда и да ја усовршат својата услуга за посетителите. Но, рече тој, не можеме да ги заобиколиме проблемите со кои се соочуваат нашите сограѓани кога станува збор за угостителските објекти што се отвораат во густо населените станбени зони и во станбените згради.

- Зголемената бучава, гласната музика и џагорот, нерегулираните оџаци, метежот, непрописно паркираните возила, нарушувањето на редот и мирот се само дел од проблемите на коишто се жалат граѓаните и бараат оваа област попрецизно да се регулира, рече градоначалникот на Скопје.

Градоначалникот Трајановски очекува измените на Законот за угостителска дејност да понудат решение токму на овие проблеми, за на крајот никој да не биде оштетен, непријатностите да се отстранат, а на граѓаните да им биде загарантиран мирот и безбедноста .

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира