Украинските бегалци бараат поголеми права во Македонија, Владата вели дека мора прво да бидат азиланти
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2022 12:34
Од почетокот на инвазијата, околу 1300 Украинци најдоа засолниште во нашата земја, а вчера преку протести против руската инвазија на разни локации низ Скопје побараа посебни законски регулативи со кои тие би станале дел од македонскиот здравствен систем, како и да добијат можности за регуларно вработување.
„Дозволени се само како туристи повеќе од 90 дена, на секои 365 дена им се дава известување од хуманитарни причини. Со таа хуманитарна книшка не им се обезбедува образование, лекување, бесплатен превоз, вработување или било што друго, за жал според нас“, рече Александар Урбанович, претседател на Здружението на Украинците во Македонија.Сепак, според она што го одговори Владата, досега ниту еден Украинец не се стекнал со статус на азилант.
„Од почетокот на војната во Украина, Во Северна Македонија нема регистрирано лица со статус на бегалци од оваа држава. Согласно Законот за меѓународна и привремена заштита, едно лице може да поднесе барање за азил, а органот одлучува дали лицето исполнува услови за Статус на бегалец или Статус на супсидијарна заштита. Oд 24.02.2022 година до 08.06.2022 поднесено е само едно барање на четири лица за признавање право на азил, и тоа на мајка со три малолетни деца, но набрзо од нивна страна барањето е повлечено, со што се откажаа од постапката за признавање право на азил“, посочија од Владата во изјава за Фокус.
Украинските граѓани кои се затекнале во Македонија пред почетокот на војната и не можат да се вратат во нивната земја, на нивно барање, од страна на подрачните служби за странци се одобрува привремен престој по хуманитарни основи. Од крајот на феврураи на 238 лица им е доделен привремен престој поради хуманитарни причини. Во истиот период во земјава влегле 8540 лица од Украина, а 7382 лица оствариле излез од територијата на Република Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




