Добивај вести на Viber
Синоќа, после полноќ, товарно возило влекач Сканија со приколка со унгарски регистерски таблички излетал од автопатот Скопје-Велес.
Според информациите од полицијата, и пишувањата на медиумите возачот на камионот изгубил контрола над возилото, излетал од автопатот и се превртел во нискостеблеста шума кај населбата Дурутовец.
Возилото е уништено, а возачот кој се наоѓа во кабината, според неофицијалните информации, е загинат.
На тешко пристапниот терен каде се случила сообраќајната несреќа се наоѓаат јавен обвинител, екипи од СВР Велес и противпожарна единица.
Повеќе детали за несреќата во текот на денот.