21 Декември, 2024
0.0462

Унгарскиот заем од 500 милиони евра ќе биде префрлен во една транша

Објавено во: Економија 18 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

По донесувањето на Законот за заем од унгарската Експорт-импорт банка, на почетокот на октомври ќе следува потпишувањето на Договорот за заем, по што се очекува средствата да бидат уплатени на земјата во една транша. Општините веќе ги чекаат овие средства за проекти за развој, додека стопанството ќе биде главен двигател на забрзаната економска активност.

Ова го изјави заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, во гостување на ТВ 24, каде што истакна дека, покрај реализацијата на овој билатерален договор, со кој се унапредува економската соработка со Унгарија, земјата продолжува да соработува со останатите меѓународни кредитори.

„Соработката ќе продолжи и со Светската банка, со која имавме комуникација во однос на постојните проекти што се во застој, како и во однос на идната соработка за финансирање. Соработката со другите меѓународни кредитори нема да застане со овој заем од Унгарија“, изјави заменик-министерот.

Тој додаде дека приоритет е средствата да пристигнат што побрзо и да обезбедат поддршка за општините и стопанството.

„Општините веќе имаат поднесено проекти. Важно е овие средства што ќе бидат вложени во општините да создадат додадена вредност и да ги подобрат условите за живот. Има голем интерес од страна на општините – сите поднесоа проекти, вкупно 357, кои се евалуираат и очекуваме дека тие ќе придонесат кон реализација на капиталните инвестиции до крајот на годината“, истакна Јанкуловски.

Во однос на средствата кои ќе бидат насочени кон стопанството, тој посочи дека тие ќе бидат наменети за домашните компании, пред сè за производствените, со цел овие инвестиции да поттикнат раст на БДП, а со тоа да се намали и буџетскиот дефицит и јавниот долг.

Јанкуловски додаде дека остануваат уште неколку детали да се дефинираат во однос на критериумите.

„Средствата ќе бидат доделени на компаниите со истата каматна стапка со која е обезбеден кредитот од унгарската банка, 3,25%. Целта е што поголем број компании да ги искористат овие средства, што ќе резултира и со отворање на нови работни места“, изјави заменик-министерот за финансии.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците