УНИ Банка донира шлепер вода за згрозените подрачја од поплавите
Објавено во: Македонија 08 Август, 2016
УНИ Банка утре ќе донира вода за пиење во количина од 24.000 литри ( шлепер вода) во загозените подрачја и во кординација со кризниот штаб ќе ја распредели водата според нивниот план.
Во својство на Претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, Коста Митроски упати јавен апел до Банките да се вклучат во достава на хуманитарна помош за жителите од настраданите подрачја од поплавите во градот Скопје, во вода храна, хигенски средства и слично.
„Во име на вработените од УНИБанка како Главен Извршен директор и Претседател на Управниот одбор, сакам да изразам сочуство до семјствата кои ги загубија своите најмили во полавите што го зафатија Скопје.
Сочуството го упатувам и од името на сите Банки во својство на Претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија“, вели Митроски.