“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници од втората емисија
Објавено во: Мои пари 24 Февруари, 2025 17:06
“УНИБанка” на 03.03.2025 година ќе ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2. Известувањето за исплатата на каматата е објавено од страна на Банката преку Соопштение до Македонската берза. Право на исплата на камата имаат сите лица регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност на 28.02.2025 година.
Како потсетување, во август 2022 година „УНИБанка” ја издаде втората емисија на перпетуални обврзници во Република Северна Македонија, што претставува прв финансиски инструмент од овој вид на македонскиот пазар на капитал.
Вкупната номинална вредност на емисијата изнесува 2,5 милиони евра. Обврзницата е без рок на доспевање, со фиксна каматната стапка од 5% на годишно ниво за првите пет години, по завршување на овој период каматната стапка се зголемува на 7%. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1.000 евра.
Перпетуалната обврзница е котирана и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.
За повеќе информации:
ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ СО ИНВЕСТИТОРИ
Ѕвонко Станковски
Директор на Дирекција за Односи со Инвеститори и Секретаријат
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




