19 Декември, 2025
0.0390

Уште 5 дена: Дали овогодинешната трка низ скопските улици ќе биде најмасовната трка одржана досега?!

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2014 14:53

Добивај вести на Viber

Како се доближува датумот на одржување на најмасовната трка низ скопските улици, така бројот на пријавени учесници се зголемува. Според бројот на пријавени, овогодинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон 2014 ќе биде најмасовното издание досега. Повеќе од 1000 пријавени рекреативци и вљубеници во трчањето го пријавија своето учество за маратонската и полумаратонската трка, кое заврши во текот на вчерашниот ден. Пријавувањето за хуманитарната трка на 5км е во тек и ќе трае се до 30 април 2014 година. Бројот на пријавени за трка на 5км досега е повеќе од 3000 граѓани кои ќе се појават на стартната линија на 11 мај, број кој според организаторот, ќе расте за конечно да се достигне бројката од 6000 учесници. Со ова би се срушил рекордот на учесници и Виз Ер Скопски маратон ќе биде најмасовната маратонска трка одржана во Републиката. Ваквата бројка само покажува дека македонските граѓани се посвесно размислуваат позитивно во врска со спортувањето, а Виз Ер Скопски маратон 2014 е само можност да покажат дека здравиот живот и спортувањето се неопходност и треба да бидат секојдневие за секој од нас. Организаторот ги очекува сите граѓани кои рекреативно спортуваат, го сакаат спортот или едноставно сакаат да пробаат како е да се трча маратонска трка, да се пријават и да бидат дел од спортската манифестација број еден во Македонија – Виз Ер Скопски маратон 2014. За годинешното издание се предвидени многу новитети и изненадувања за пријавените учесници, додека потврда на угледот кој трката го градеше низ изминатите изданија ќе биде присуството на светскиот рекордер во маратон, Вилсон Кипсанг.

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство