Уште четири лица се пријавени за исчезнати во поплавите
Објавено во: Македонија 09 Август, 2016
Шабан Салиу, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување денеска изјави дека уште четири лица се пријавени за исчезнати во невремето кое Скопје го зафати во саботата.
„Знаеме за три или четири лица, засега, исчезнати. Можеби се и по семејствата некаде, во првиот момент беше хаотична ситуацијата“- вели тој. Салиу очекува дека до крајот на неделата ќе има видливи резултати од работата на терен на надлежните. Тој има разбирање за револтот на граѓаните кои беа погодени од невремето. Смета дека прво треба да се средат патиштата, па да се чисти од кал. Салиу додава дека треба да им се помогне на луѓето кои настрадаа од невремето да се вратат на нормалниот секојдневен живот.Салиу тврди дека повеќе денови ги следат сите промени и имаат дневна процена на ризици од секакви непогоди, не само дожд и поплави.
Поплавите веќе однесоа 22 животи.