20 Мај, 2024
0.0294

Уште една донација од Жито Лукс за Детскиот оддел во Клиничката болница во Тетово

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Жито Лукс ја реализираше и втората донација во Детскиот оддел во Клиничката болница во Тетово. ЕКГ апарат, душеци, постелнина и перници се само дел од производите што компанијата ги набави и со тоа овозможи подобри услови во Детскиот оддел.

2

Хуманитарната акција беше дел од кампањата преку која компанијата издвојуваше дел од средствата и истите ги вложи во доопремување на овој оддел.

3

„Изминативе 3 месеци, во Тетово имплементиравме хуманитарна акција чија цел е подобрување на  условите на детското одделение во Клиничката болница во овој град. Првоот дел од донацијата, го реализиравме пред 2 месеци, а денес ја комплетиравме донацијата. Голема благодарност упатуваме до граѓаните на Тетово кои се вклучија и ја поддржаа нашата акција. Се надеваме дека им овозможивме на најмладите пациенти да се чувствуваат што е можно попријатно. Нашата компаниска заложба за помагање онаму каде што е неопходно се одвива во континуитет и ќе продолжи и понатаму со следење на состојбите и таргетирање на различни здравствени и социјални центри, каде би ја дале нашата помош“, изјави Лидија Трајковска Ристовска, менаџер во секторот за маркетинг на Жито Лукс.

4

Опремувањето на детското одделение покрај од Жито Лукс, беше помогнато и од фудбалерот Артим Шаќири како најголем поддржувач на кампањата заедно со граѓаните на Тетово, а за вработените во Тетовската клиника значи и олеснување на нивната работа.

„Оваа вредна донација на Жито Лукс, за нас е од големо значење. Истата ги надмина нашите очекувања и придонесе за создавање услови за подобро функционирање на нашиот персонал, но најважно од сè, ќе им овозможи на пациентите подобра медицинска грижа и нега“,изјавија од Детското одделение при Клиничкиот Центар во Тетово.

5

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО