Добивај вести на Viber
Сегашниот објект на ГТЦ е изграден според идејното решение на професорот
Живко Поповски, кој на конкурсот во 1967 година ја добил наградата за проектот, а ГТЦ е изграден во 1971 година, од средствата за солидарност по земјотресот на Скопје.
На референдум денеска жителите на Центар ќе одлучат дали сакаат ГТЦ да го задржи сегашниот изглед или пак, ќе треба да се вклопи во остатокот од барокни и неколасицистички зданија во самиот центар.
Прашањето референдумско гласи „Дали сте да се задржи автентичниот изглед на фасадата на ГТЦ?“
За да успее референдумот треба да гласаат 50 отсто плус еден гласач, а од нив 50 отсто плус еден гласач да бидат ЗА.
Од излезноста зависи и успешноста или неуспешноста на референдумот за зачувување на изгледот на ГТЦ.
Одлуката на референдумот ќе се смета за донесена ако гласале половина од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список на оваа општина, а бројот на гласачи во избирачкиот список кој се регистрирани е 43.560, што е за околу 750 гласачи повеќе од последните организирани избори.