16 Април, 2024
0.0261

Осман КАДРИУ:

Уставниот суд сериозно ја злоупотребува позицијата, ќе има бељи!

Тој е песимист дека ќе има избори на 11 декември. Доволно е вели да се укине Законот за специјалното обвинителство, кој ќе биде доволен адут, правно релевантна околност која ќе ги попречува сите други активности и мерки во предизборните активности

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Без решавање на правната нема решение за  политичката криза.  Неминовно е да се формираат кривични одделенија во судовите кои ќе постапуваат по обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство и  само на тој начин може да сме оптимисти дека за сите покренати постапки и обвиненија ќе имаме краен правен епилог односно разрешување на правната криза – вели за Фактор, универзитетскиот професор Осман Кадриу. Правната криза според него ќе биде решена ако се решат правните предмети и затоа  очекува Специјалното јавно обвинителство да го презентира вториот извештај за својата работа и на една година од своето постоење да ги обелодени притисоците и опструкциите со кои се соочува.

 “Според Законот за Специјално јавно обвинителство и со самото негово  формирање произлегуваат конкретни задачи и обврски, а  една од нив е  во  одредени временски интервали да  поднесува извештај за се што е сработено. Со други зборови станува збор за мошне чувствителна материја и мислам дека овој пат за разлика од претходниот кога Специјалното обвинителство  поднесе извештај  до Парламентот и Советот на обвинители но без застапување или  претставување од конкретните лица задолжени  за тоа, мислам  дека сега самата Катица Јанева на прво место или некој од тимот  да ги  елаборира проблемите со кои се соочува обвинителството. Се навршува една година,  а нема оформен ниту еден  кривично правен предмет или настан по кој треба да почне судење од страна на Кривичниот суд.  Тоа доволно покажува со кои опструкции и притисоци се соочува ова тело”- вели професорот Кадриу.

Професорот по уставно право  ја поддржува идејата за создавање специјален суд кој ќе работи по  предметите од Специјалното јавно обвинителство, но за тоа вели досега немало политичка воља. Оттука пореално  е според него да се формираат специјални кривични одделенија преку интервенција во Законот за судови.

“За формирање на специјален суд треба да се интервенира во самиот Устав, со менување на два  уставни амандмани за чие донесување е надлежно Собранието на Р. Македонија. Кога би имало политичка воља од страна на политичките партии измените и дополненијата на Уставот би можеле да се остварат во еден разумен рок.Но таква воља не видовме. Неговото формирање би било идеално решение но таа можност мислам се пропушти. Останува можноста  за формирање на специјални кривични одделенија во рамките на Кривичниот суд, но под услов такви специјални кривични одделенија да ги има во трите инстанци: Основен, Апелационен и Врховен суд. Во случај државата да се определи за специјални кривични одделенија треба да се интервенира во Законот за судовите, последниот донесен 2006 година. Со закон и законски решенија треба да се определи бројот на судиите во кривичните одделенија, нивниот избор, нивната надлежност, одговорност, мандат и други прашања” - додава универзитетскиот професор.

Уставниот суд сеуште не се изјасни околу иницијативата за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство. Според  професорот Кадриу нема елементи на  противуставност на неговата работа бидејќи  има силна правна и политичка димензија и основаност, но ако се случи укинување на СЈО  ќе се создаде правен хаос  во кој ќе нема правни можности за регуларни избори. Оваа криза на тој начин смета дека  ќе добива сериозни и загрижувачки димензии врз државата и посебно врз правата и слободите на граѓаните.

 “Кога станува збор за работата односно за неработењето на Уставниот суд со самиот факт што не постапува по конкретната иницијатива покрената од конкретни лица за уставноста на законот за сјо врши сериозна злоупотреба на својата функција. Тој одговара за правниот поредок, a  на ваков начин како што постапува  со неговото неработење и непостапување во државата е направен правен хаос. Прашањето е ако случајно се укине законот или дел од законот за СЈО, на таков начин ќе се потврди една ноторна околност дека самата власт е виновна за политичката криза во земјава и дека власта врши директен атак врз изборниот процес односно  ќе се потврди дека не сака избори и нема да има избори”  -додава професорот.

Алтернативната опција која произлезе од политичкиот договор доколку  Уставниот суд го укине законот во рок од пет дена да се донесе нов закон  според Кадриу е  неиздржана и тешко остварлива идеја.

“Тоа се неодговорни изјави и игри за мошне чувствителна институција. На таков начин не се врши конституирање  на еден орган, а него веќе  го имаме. Сметам и длабоко сум убеден дека не дека нема да се изврши избор за толку  краток рок од пет дена да речеме како што наговестуваат, туку напротив ќе има такви нерегуларности и состојби кои ќе предизвикаат демонстрации, незадоволство во државата кои нужно ќе предизвикаат протести вклучувајќи ја и граѓанската непослушност. Тогаш ќе бидеме уверени дека избори нема да има”- дециден е професорот.

Тој е  песимист дека ќе има избори на 11 декември. Доволно е  вели да се укине Законот за специјалното обвинителство,  кој ќе биде доволен адут, правно релевантна околност која ќе ги попречува сите други активности и мерки во предизборните активности.

“Оваа корупција, овој грабеж што е направен и кој уште се прави,  а да нема одговорност ќе биде тежок удар врз правниот поредок  и неговата стабилност” - потенцира Кадриу.

Клучното барање и  на Шарената револуција беше Уставниот суд да се произнесе за уставноста на законот за СЈО, за да може тимот на Катица Јанева слободно и независно да продолжи со истрагите поврзани со таканаречените бомби кои открија криминал кај високи политички функционери. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

ЕВЕ КАДЕ ГОРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Евидентирани 22 пожари

ЕВЕ КАДЕ ГОРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Евидентирани 22 пожари

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради