Добивај вести на Viber
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 април 2015 година (среда), ќе биде неработен ден.
Во среда се одбележува Меѓународниот ден на Ромите и денот е неработен за припадниците на ромската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.