Утре е неработен ден, ни следат уште два неработни денови во мај
Објавено во: Македонија 30 Април, 2015
Нови неработни денови ни следуваат поради државни или верски празници не очекуваат веќе на почетокот на мај.
Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е утршниот Ден на трудот, 1 Мај, кој годинава се паѓа во петок, што значи уште еден продолжен викенд.
Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.
И Власите имаат уште еден неработен ден во мај – 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.
Редакцијата на Фактор ви посакува убави празнци и искористете ги да се одморите и да уживате со пријателите.