Утре и викендов очекувајте вистински горештини
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2015
Максималната температура ќе достигне вредности од 31°С до 33°С во котлините од источното и вардарското подрачје. Максимална околу 28°С се очекува во пелагонискиот и охрисдко-преспанскиот крај.
УВ индекс: 8.Релативно добро време за викенд. Но, особено внимавајте на високата температура. Не е на одмет да планирате движење во планина рано наутро, а „горештините“ да гледате да ги минувате во шумски предели, пренесува МЕТЕОПРО.
САБОТА:
Генерално стабилно и сончево време. Сосема мала веројатност за локален развој на облачност околу Шара, поширокиот регион околу Солунска Глава, Осогово и околина на Ниџе. Оваа облачност нема да има голем потенцијал да произведе врнежи, но не е на одмет да се „држи на око“.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 4000 метри.
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Јужна експонираност околу 23°С, на северна страна околу 20°С.
Ветер на 1500м: Слаб југозапад.
УВ индекс: 9
НЕДЕЛА:
Сончево време. Мал облачен развој околу Солунска Глава, но без значаен потенцијал.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 4100 метри.
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Јужна експонираност околу 23°С, на северна страна околу 20°С.
Ветер на 1500м: Слаб југозапад.
УВ индекс: 9