Утре истекува рокот за пријавување на штети од поплавите
Објавено во: Македонија 01 Септември, 2016
Петок е последниот ден за пријавување штетите (на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд) ои беа предизвикани од невремето од шести август кое донесе незапаметени поплави во скопскиот и тетовскиот регион.
Пријавувањето се однесува за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица.
Сите лица од горенаведените населени места кои досега ги немаат пријавено штетите од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, истото може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово, заклучно со 16:30 часот во петок.