17 Декември, 2025
0.0586

ВАКА ГО ЛИЧИ СКОПЈЕ: Чисто и уредно

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2018 13:37

Добивај вести на Viber

Градот Скопје се вклучи во големата акцијата за чистење и разубавување на животната средина која се организира на иницијатива на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС.


- Во оваа акција учествуваат сите градските јавни претпријатија со сета механизација и човечки потенцијал. Секоја од општините во Скопје и Градот Скопје ги чистат реоните за кои се надлежни. Оваа голема акција ја започнуваме со чистење  на  бул. „8ми Септември“, на потегот од бул. „Илинден“ до ул. „Скупи“. Заложбата за почиста и поздрава животна средина за сите е еден од најважните приоритети на нашето делување – кажа Ваљон Салиху, портпарол на Град Скопје.


Оваа е само една од бројните активности која Градот Скопје и јавните претпријатија изминатиов период ја спроведоа во насока на зголемување на чистотата и јавната хигиена.


- Изминатиов период се организираа акции за чистење на градот од диви депонии и миење на улиците. Граѓаните на Скопје во акцијата „Пријави депонија“ пријавија над 200 диви депонии, кои една по една ги чистиме. Сакаме да ја искажеме нашата благодарност на сите граѓани кои активно се вклучија и ни помогнаа во мапирањето на дивите депонии во Скопје – раче Салиху.


Градот Скопје ги повикува сите граѓани, сите општествено одговорни фирми, институции и невладини организации да се приклучат и да помогнат во оваа акција за чисто и незагадено Скопје. 


Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка