16 Јануари, 2025
0.0372

Велики Четврток: Три години болка во душата на родителите за убиените момчиња кај Смилковско езеро

Објавено во: Македонија 09 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Можеби за многумина од нас овој ден буди убави чуства и радост за денешниот празник Велики Четврток , ден на кој се одржала Тајната вечера, на овој ден Христос упатил молитва кон Бог Отецот во Гетсеманската градина и денес настанало предавството на Јуда.

Но, за најблиските, родителите, пријателите, овој ден буди тага, болка која пече во градите, болка од која никогаш нема да престане да гори душата за нивните чеда, на кои на најсуров и најгрозоморен начин им беше скратено најмилото - желбата за живот.

На денешниот ден се навршуваат точно три години од суровото убиство на петте млади животи. Три години нивните домашни живеат со солзи во очите, барајќи ја вистината лутајќи низ лавиринтите и тропајќи на вратите на институциите во нашата чудесна земја.

Да се потсетиме ...

На 12 април 2012, е извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените. Обдукцијата врз убиените покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

Според Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, четворица од убиените: Славковски, Наќевски, Ацковски и Трпковски, на возраст од 18 до 21 година, отишле да ловат риба на Смилковското Езеро со автомобил околу 15 часот на 12 април 2012, за време на православниот христијански празник Велики четврток. Нивните тела биле откриени облиени со крв вечерта во 22:30 часот од други рибари кои веднаш ја повикале полицијата. На истото место, но подалеку од четирите тела, било пронајдено телото и автомобилот на Борче Стефковски (45), кој исто така ловел риба. За него се претпоставува дека бил убиен подоцна. Увидот на местото на настанот траел преку целата ноќ, сè до пладне на 13 април 2012 кога телата биле предадени на судските вештаци за обдукција, а автомобилите и чаурите биле подигнати од вештаците на крим-техника. За настанот бил формиран оперативен штаб кој ја раководел операцијата, а голем број на полицајци и инспектори биле на терен за собирање на информации околу евентуалниот идентитет на убијците и мотивот. Во тој момент, во интерес на истрагата, министерството се воздржало од давање други дополнителни информации.

smilkovci

На 14 април 2012, резултатите од обдукцијата покажале дека во жртвите е пукано од три типа на огнено оружје, најверојатно од повеќе напаѓачи. Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска: „Пукано е од непосредна близина. Не би можела да кажам колку точно е таа непосредна близина, меѓутоа пукано е од блиску. Видливи се трагите на телата од момчињата од огнено оружје и смртта настапила како резултат на огнострелните рани кои се евидентни на телата на момчињата и телото на петтата жртва, кој не е дел од групата момчиња кои заедно ловеле риба.“

Автомобил „Опел Омега“ со темноцрвена боја бил пронајден на 10 километри од местото на убиствата. Министерката Јанкуловска на16 април 2012 потврдила дека возилото што го нашла полицијата било на самото место на убиството. „Трагите укажуваат дека токму ова возило било на местото на убиството. Упатуваме апел доколку некој го препознае, го забележал, да се јави на бројот 199“, изјавила Јанкулоска. Возилото било донесено од странство и не било региститрирано во Македонија, но имало украдени регистерски таблички, кои своевремено припаѓале на Мерцедес, кој веќе не учествувал во сообраќајот.

Реакции и протести

Убиствата предизвикаа протести од страна на граѓани на населбата Радишани, од каде потекнуваат четирите убиени момчиња. При протестите граѓаните го блокира пристапот до Радишани и Љуботенски Пат. Заради немири за време на протестот, биле оштетени пет возила, меѓу кои и еден автобус на скопскиот градски превоз. Жителите во изјавите за медиумите изјавувале дека жртвите биле „мирни момчиња кои никому не згрешиле“ и побараа итно да биде расчистен случајот и да биде откриен злосторникот или злосторниците. Во населбата Радишани дошол и градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, кој побарал од сограѓаните да надвладее разумот.

Според министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска, заради настанот биле мобилизирани сите полициски службеници и било зголемено полициското присуство низ Скопје за да се сопре евентуална ескалација на настаните. Според неофицијалните информации, педесеттина лица, главно жители од соседните села и населби, биле повикани на информативен разговор.

protesti monstrum

Утрото на Велигден, 15 април 2012, по завршувањето на утринската литургија во Со­бор­ни­от храм на МПЦ, премиерот на Македонија, Никола Груевски изјавил:

Из­ра­зу­вам длабоко сочувство до семејствата на убиените. Она што во оваа при­го­да можам да го кажам е дека убијците ќе бидат фатени и казнети. И според за­ко­нот и од Бога. Ако воопшто ваквите луѓе разбираат што е тоа ...Овој настан нè погоди сите нас. Нè погоди до срж, меѓутоа мораме да останеме ис­пра­ве­ни, да продолжиме да се справуваме со предизвиците. Сакам да им ис­пра­там порака и на сторителите дека кога-тогаш правдата и казната ќе ги стигне.

Метју Брунвасер, дописник од Софија за американскиот дневен весник New York Times („Њујорк Тајмс“), во напис со наслов „Убиствата ги засилуваат етничките тензии во Македонија“ забележува дека „...Македонците беа во жалост заради смртта на петмина сонародници, во ситуација кога има шпекулации дека убијците се етнички Албанци, со што се појавија стравувања за нова рунда на насилство меѓу заедниците.

Околу 1 мај, полицијата изведе обемна акција, под оперативно име „Монструм“, во која беа уапсени дел од обвинетите. Во операцијата учествуваа околу 800 припадници на МВР, од Бирото за јавна безбедност (БЈБ), како и до Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

По речиси двегодишен судски процес и неколкукратно одложување на објавувањето на пресудата, на 30 јуни минатата година за масакрот кај Смиљковско Езеро на доживотни казни затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ за тероризам, како директни извршители на масакрот, а за планирање и за извршување, доживотен затвор добија Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.

monstrum

Првообвинетите Алил Демири и Агим Исмаиловиќ се сè уште во Косово, каде беа уапсени и осудени за поседување оружје. Македонските правосудни органи побараа нивна екстрадиција, од која засега нема ништо.

Поради овие осуди се кренаа низа протести од Скопје, до Тирана, преку Приштина се до Њујорк каде се протестираше против апсењето на погореспомнатите лица.

Демонстрантите велеа дека се незадоволни од пресудата, затоа што според нив немало цврсти докази дека осудените се извршители на грозоморното убиство. Тие бараа оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Главниот претрес за обвинетите за масакрот кај Смилковско Езеро почна на 20 декември 2012 година. Беа распрашани 30 сведоци и 10 вешти лица.

Според објаснувањата на судот, обвинетиот Хаки Азири најпрво признал дека имал обврска да им обезбеди превоз на главните егзекутори. Според пресудата, детали поврзани со бегството на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, од Македонија на Косово, биле договарани на живинарската фарма во населбата Илинден. Убијците на Ацевски, Тричковски ,Накевски ,Славковски и Стевковски, носеле „фантомки“ на главите и ракавици на рацете.

За некои од нив, односно за оние кои се превезувале со црвената „опел омега“, биле обезбедени докази, кои со утврдување на ДНК се докажало дека биле во автомобилот.

Според судот доказите покажале дека пребеганите на Косово се случил после две недели од убиството. Азири, кај Кодра Фура, на лицата Адриан Н. и Исо.Н, двајцата од Косово, им ги предал Демири и Исмаиловиќ. На судскиот процес, телефонските разговори на осудените останаа тајна. Мотивот за бруталното петкратно убиство органите на прогонот го посочија во верски фанатизам.

Што се случува 3 години подоцна

Целата вистина за овој случај буди многу нејаснотии и ги измачува како родителите на убиените, така и на осудените.

Уште од самиот старт најблиските на осудените тврдат дека тие не се виновниците. Додека, најблиските на жртвите, сметаат дека сликата е многу поголема и за масакрот постои нарачател.

„Бомбите“ на опозицијата кои во изминативе неколку месеци ја дрмаат земјава, дополнително будат сомнеж кај целата јавност за овој случај додека Заев,им ветил на родителите и на роднините на момчињата што беа убиени кај Смиљковско Езеро дека ќе ги објави сите материјали што ги поседува за овој случај.

“Се сретнавме со Заев и ги баравме материјалите и пораките на Фејзи Азирикој, според нашите информации, комуницирал со нарачателите. Знаеме дека тие пораки постојат, изјави Горан Накевски, татко на убиениот Александар.Од самиот почеток на објавување на прислушуваните разговори, Заев кажа дека ќе објави сè што поседува за случајот „Монструм“.

....

Ни останува само да се надеваме дека конечно еден ден вистината за овој случај ќе излезе на виделина и ќе им го донесе мирот на родителите и на оние кои почиваат.

И.Р

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира