Верски пуч во Скопје: Разрешениот скопски муфтија го презеде седиштето на ИВЗ
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2015
Ибрахим Шабани, разрешениот скопски муфтија и поранешниот генерален секретар на Исламската Верска Заедница Африм Тахири упаднале денес со повеќе од 50 вооружени лица во седиштето на ИВЗ во Скопје и соопштија дека во иднина тие ќе управуваат со таа организација.
Ова е кулминација на судирот околу пари помеѓу Шабани и Тахири од една, и реисот на ИЗВ Сулејман Реџепи од друга страна.
Шабани и Реџепи на 27 април дури и се тепаа на улиците во Скопје.
Медиумите јавуваат дека не е познато каде се наоѓа реисот Реџепи, а на неговата фејсбук страна е објавена информација дека вооружени лица практично го киднапирале и дека го држат на непозната локација. Таа објава е тргната.
Имено, дел од медиумите ја потврдуваат ова информација, а Шабани рекол дека тој од денес ќе раководи со таа верска заедница до „враќање на мирот и правата во ИВЗ“.
Шабани после упадот во седиштето на ИВЗ рекол дека тој ќе се погрижи набрзо да го врати мирот меѓу врениците и дека ќе ангажира ревизорска компанија која ќе истражува како се трошени парите на верниците.
Шабански одбил да одговори дали утрово навистина имало инцидент пред ИВЗ при кој едно лице е повредено.
Позадината на оваа нетрпеливост, според извори блиски до ИВЗ е спор околу пари.
Од полицијата велат дека околу 8.30 им е пријавено дека пред ИВЗ се собрале граѓани незадоволни од смената на скопскиот муфтија, а МВР уште не се огласи официјално.