(ВИДЕО) Атмосферата пред Влада, народот очи в очи со полициските сили!
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2015
Во видеото ви пренесуваме дел од атмосферата на денешниот масовен протест пред Влада, во знак на револт поради прикирвањето на вистината од страна на надлеќните за смртта на Мартин Нешковски.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/05/video-atmosferata-pred-vlada-narodot-ochi-v-ochi-so-politsiskite-sili/" target="blank" ](ГАЛЕРИЈА) ПРЕД ВЛАДА: Знамиња на пола копје се бара правда за Нешковски[/button]
Како што напоменавме, засега состојбата е мирна без инциденти. Свирежи и извикувања „Убијци, убијци“, „Нема правда, нема мир“, „Излези Никола“, „Оставки“, протестантите го пробија полицискиот кордон и влегоа пред вратата на Владата.
Протестантите чиј револт расте гаѓаа со јајца, домати, компири, пластични шишиња и по некој камен кон зградата на Владата, по што беа скршени два прозорци.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/05/video-atmosferata-pred-vlada-narodot-ochi-v-ochi-so-politsiskite-sili/" target="blank" ](ВИДЕО) Атмосферата пред Влада, народот очи в очи со полициските сили![/button]
Протестот станува се помасовен.
Демонстрантите кои протестираат пред владата со стапови удираат по штитовите на полиција.
Тие порачуваат „Нема да си одиме“, „Спуштете ги штитовите, имате ли деца?“, а надоаѓаат и се повеќе полициски екипи.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/jP15eQTe7mU[/embed]