16 Декември, 2025
0.0611

(ВИДЕО) Џифони Македонија со полна пареа кон второто издание!

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2014 16:49

Добивај вести на Viber

Џифони Македонија со задоволство го најавува второто македонско издание на најголемиот Филмски Фестивал за Млади во светот.

По огромниот успех на првото издание на Џифони Македонија, Филмскиот Фестивал за Млади, во 2013-та година, тимот на Џифони Македонија ќе ги спои светските крстопати во Скопје со второто издание под слоганот “ Crossroads “.

Џифони фестивалот ( Giffoni Experience ) кој започна во Италија пред 44 години, го имаме во Македонија веќе втора година како резултат на енергијата на тимот на Џифони Македонија, на чело со извршниот директор Елена Величковска Николовска, заедно со Агенцијата за Филм на РМ и поддршката на Министерството за Култура, Министерството за Образование и Наука, Град Скопје, Општина Карпош и Италијанската Амбасада во Скопје.

Фестивалот ќе се одржи во периодот од 8-12 Октомври на повеќе локации во Скопје, меѓу кои МКЦ, Кинотека на Македонија и Кино Милениум. Џифони Македонија ќе биде домаќин на преку 500 деца и млади, кои освен како учесници ќе бидат дел од локалното и меѓународно жири составено од преку 10тина земји, вклучувајќи ги Италија ( со Сардинија и Кампанија ), Романија, Грузија, Србија, Хрватска, Грција, Албанија, Русија и Бугарија.

Покрај проекции на филмови во официјалната селекција, Џифони Македонија на младите им нуди и повеќе од искуство преку забава, креативни работилници, запознавање со познати македонски актери на нашиот " Зелен Тепих ", пријателства со целиот свет како и можноста од блиску да го доживеат искуството на најголемиот Филмски Фестивал за Млади во светот GIFFONI Experience.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив