(ВИДЕО) Фејсбук повторно вознемирува: Дали навистина ќе почне Цукенберг да наплаќа?
Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2014 16:14
Според најновата вест која ја објави сајтот „National Report“, Фејсбук од 1 ноември ќе воведе месечна претплата од 2,99 долари. Меѓутоа, дали тоа е навистина така?
На интернет често кружат гласини дека Фејсбук наскоро ќе почене да ги наплаќа своите услуги на месечно ниво на сите корисници. Бидете без грижа, во прашање е лажна вест какви сатиричните сајтови често имаат обичај да објават.
Најновата информација од овој тип ја објави еден од нив, сајтот „National Report“, а во неа пишува дека најпопуларната социјална мрежа на светот од 1 ноември ќе почне да наплаќа по 2,99 долари месечно на сите корисници за нејзиниото користење. Целата приказна е убаво спакувана и дејствува навистина реално, па многумина без размислување поверуваа во неа.
После тешко и долго размислување за оваа одлука, сепак бевме присилени да воведеме месечна претплата. Доколку сега нешто не превземеме со растечките трошоци, Фејсбук наскоро би можел да престане да постои - стои во објавата.
Лажниот веб сајт дури објави и видео како целата приказна би била што пореална.
Оваа измама предлага сите да протестираат против Фејсбук користејќи го хаштагот #FacebookMonthlyFee. Доколку видите некој да го користи овој хаштаг би било добро да им кажете дека станува збор за измама, и дека интернет гигантот нема да додава никаков вид на претплата.
Информациите за Фејсбук претплатата се појавија уште од 2009 година, а секој пат успеат да измамат се поголем број корисници. Не грижете се, Фејсбук веројатно би пропаднал кога би вовел било каков вид на претплата, бидејќи истиот момент би го напуштиле огромен број луѓе, посебно во послабо развиените земји.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




