(ВИДЕО-ФОТО) Комета Лавџој – гледајте ја добро, бидејќи се враќа после 8000 години!
Објавено во: Мои пари 14 Јануари, 2015
Кометата C/2014 Q2 во моментот ни е на гости и е видлива со голо око под ведро небо, посебно ако се набљудува од место без загадување.
Кометата, наречена Лавџој по австралијанецот Тери Лавџој кој ја открил во 2011 година, се наоѓа релативно близу до Земјата, на оддалеченост од „само“ 70 милиони километри, и ќе може да се гледа до 24 јануари.
За астрономите аматери ова е шанса која се гледа еднаш во животот, бидејќи според пресметките на научниците, кометата последен пат била близу до нашата планета пред 11.500 години, а следната блиска средба ќе се случи дури за 8000 години.
Од седми јануари на небото може да се забележи магловита, релативно светла точка, без опашка. Но, доколку се забележува со двоглед или уште подобро телескоп, тогаш јасно се гледа нејзината сјајна убава зелена боја.
Конкретно, кометата лета десно (западно) од соѕвевездието Орион и се движи кон Север, кон соѕвездието Песеј. Орион лесно може да се пронајде благодарение на карактеристичниот распоред на ѕвезди или пак со смартфон/таблет со помош на бесплатни апликации како што е “Sky Map”.
Лавиџој припаѓа на долгопериодични комети кои во внатрешниот дел на Сончевиот систем доаѓа од нејзината внатрешна граница, од т.н. Ортовог облак, откако патувала илјадници години.