(ВИДЕО) Најпознатиот Тв лекар Д-р Оз одговараше пред Конгресот, ги призна сите лаги!
Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2014
Овој вторник најпознатиот американски Тв лекар, д-р Мехмет Оз под притисок на Конгресот прифати да застане пред бескруполозните огласувачи кои го користат неговото име за да ги промовираат нивните „чудотворни таблети и напивки“ кои се продаваат на милиони Американци кои се очајни во обидите да ги намалат килограмите.
Д-р Оз пред Сенатот го нападна претседателката на Здружението за заштита на потрошувачите Клара МкКаскил поради тврдењето за слабеење кое го изнесува во своето шоу „The Dr. Oz Show“.
Кардиохирургот Оз пред претседателката на Здружението признава дека неговите приказни за зеленото кафе и другите намирници биле „накитени“ и вети дека ќе објави точен попис на производи за кои мисли дека би можеле да им помогнат на луѓето во симнувањето на килограмите и подобрување на здравјето (со јадење на помала количина на храна и движење), пишуваат хрватски медиуми, цитирајќи го американскиот сајт Салон.ком.
Имено, Оз Клара го соочи со епизода од неговото шоу од 2012 година во која тој изјавува дека екстрактот на зеленото кафе е „магичен лек за слабеење на луѓето од сите телесни видови“. „Сфаќам дека работите многу добрини со вашето шоу, но не сфаќам зошто говорите такви работи кога знаете дека не се вистински“, изјави таа.
Тој инсистираше на тоа дека верува во намирниците, но дека ги смета за краткотрајно помошно решение, и дека ги испробувале и членови на неговото семејство. Доктор Оз исто така призна дека не постои чудотворна таблета без правилна исхрана и вежбање чии дејствија би биле драгоцени.
„Особено верувам во производите кои ги прикажувам на шоуто. Стравствено ги проучувам. Сфаќам дека немаат знанствена поддршка, но и давам совети на публиката кои ги давам на моето семејство, дури тие ги консумираат. Поготово оние кои вие ги споменавте, па немам проблеми со тоа“, порачува тој.
„Научнците се речиси едногласно против вас што се однесува на три производни кои вие ги нарековте „чудотворни“. Кога производите ги наречете чудотворни, а тоа е нешто што може да се купи и им дава на луѓето лажна надеж, не разбирам зошто го правите ова“, му одговорила портпаролката.