(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Силен ветер, грмежи и дожд
Објавено во: Македонија 06 Август, 2016
Во моментов во главниот град дува силен ветер проследен со силен дожд и грмотевици.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/BOFaanUseXI[/embed]Речиси цел ден помина во спарно и тешко топло време а токму тоа еден од предзнаците на промената на времето која што се најавуваше попладнево. Можен е краткотраен дожд проследен со грмежи. Температурата ќе достигне максимални 33°С.
Имено, продорот на малку постудена воздушна маса во повисоките слоеви на атмосферата ќе придонесе за дестабилизација на истата, но процесите врзани со истата денеска ќе се задржат во западната половина од земјата. Развој на нестабилна облачност, повремен поинтазивен дожд проследен со грмежи и повремен засилен ветер е она што ќе биде резултата на промената на времето.
Врнежи во западниот регион се можни и во текот на вечерта, а локално и во ноќните часови,Денеска термометрите и субјективното чувство за топлина нема да се „поклопат“. Она што се очекува објективно да се измери со термометар се вредности од 32°С и 35°С во котлините централниот, северниот и источниот регион, а на југот на течението на Вардар околу 37°С. Охридско-преспанскиот крај денеска ќе има максимална околу 32°С. Заради спарината субјективно ќе чувствуваме дека е потопло во однос на реалната температура.
УВ индекс: 8
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/9TBXk-H-v7Q[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/x48Af2gOJJs[/embed]