(ВИДЕО) Патувањето на 400 македонци се претвори во пекол, заглавени во Турски хотел
Објавено во: Македонија 03 Мај, 2015
Околу 400 туристи од Македонија се задржани во хотелот „Севџан“ во Истанбул, пренесе Телма.
Имено, како што пренесоа дел од медиумите патниците заминале за време на првомајските празници. Во изјава за Телма велат дека им се одземени пасошите, дека се во паника и дека не знаат што да прават.
Од изјавите на патниците дознаваме дека и директорот на македонската агенција е однесен на разговор во полиција.
Менаџерот на хотелот „Севџан“, Јешар Јуфтадур, за Телма ја потврди информација и рече дека македонската агенција му должела 14.000 евра.
Патниците се револтирани и поради тоа што не биле сместени во хотелот за кој упалтиле туку дека биле преместени во друг хотел, којшто се наоѓал близу истанбулскиот аеродром.
На социјалните мрежи кружи ова видео кое би можело да се каже дека информацијата е точна.
Се поставува прашањето Колку македонските граѓани може да бидат безбедни и сигурни со туристичките агенции кои за да привлечат повеќе патници нудат таканаречени попусти.
[embed width="701" height="450" ]https://youtu.be/nbLLT7C1GL0[/embed]