Добивај вести на Viber
Денес нашата екипа на автопатот Велес-Скопје забележа движење на поголема група мигранти кои транзитираат низ земјава.
Оваа глетка стана секојдневие на нашите патишта .
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/m0-fm5uo7pY[/embed]
Секојдневно ги среќаваме оние кои не со добра волја го оставиле зад себе целиот свој живот, своите фамилии и едната мајка – татковината.
Ги оставиле не оти сакаат, туку оти мораат. Не бегаат оти им било убаво, бегаат од војна, закани и во потрага по пристоен живот. Патот кој го поминале и доправа ќе го поминат е поплочен со трње. Изнемоштени, гладни, болни, повредени , стари и млади, мајки и деца, бебиња … тргнале од Сирија, Пакистан, Конго … минуват низ Македонија, а која е нивната цел – само Бог знае.
Сурова е цената која ја плаќаат да влезат во подобар живот. Зарем човечкиот живот има цена?
Преморени од жешкото сонце, долгиот пат, некои и повредени движејќи се по патишта и пруги, со маки го следат патот кој мислат дека ќе им донесе подобро утре, а некои и го оставија животот на македонските пруги.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/06/14/migranti-surova-e-tsenata-za-vlez-vo-podobar-zhivot/" target="blank" ] МИГРАНТИ: Сурова е цената за влез во подобар живот[/button]