(ВИДЕО) РЕВОЛУЦИЈА: Со новата апликација на „Гугл“ сите ќе говориме странски јазик!
Објавено во: Мои пари 14 Јануари, 2015 17:18
Новата верзија на апликацијата на „Гугл“ за преведување „Google translate“ сега овозможува преведување на натписи, менија, реклами и разговори.
Сека преку таа мобилна апликација може во „одење“ да се преведуваат текстови испечатени како разговори.
Аплиакцијата, која има 500 милиони месечни корисници, сега може да преведува фотографирани текстови.
Доволно е само да се снимаат со смартфон кој функционира под оперативен систем на Андроид или iOS некој напис, мени, рецепт или друга содржина на француски, германски, италијански, португалски, руски, шпански или англиски за да се добие превод на некој друг јазик од таа листа.
Овозможен е моментален превод на текстови со користење на фотоапарат на телефон, така да на корисникот му е полесно, на пример да се ориентира во некое италијанско село или да направи порачка во некој ресторан во Барселона.
Програмерите не сметаат дека таа апликација ќе има само туристичка употреба, и се надеваат дека „ Google translate“ ќе стане драгоцена алатка за професори, здравствени работници и полиција.
Апликацијата функционира врз основа на системот за визуелно препознавање WLT (Word Lens technology), која дојде во поседување на „Гугл“ кога во мај ја купил младата американска фирма „Quest visual“.
Апликацијата може да препознава кратки текстови и директно да ги преведува.
Новата верзија на „ Google translate“ овозможува и преведување на разговори. Таа употребува вокално препознавање за да би ги преведувала зборови на две лица кои разговараат на различни јазици.
Во тој случај, меѓутоа е потребна интернет врска, бидејќи системот се служи со капацитетоте на серверите на Гугл за да би обезбедила превод.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




