(ВИДЕО) РУСКИ СИМБОЛ: Калашников има нов имиџ кој пропагира „заштита на мирот“
Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2014 20:01
Рускиот симбол, Калашникот чија автоматска пушка АК-47 на многу револуционери и терористи им е омилено оружје, во моментов го менува изгледот. Новото лого на споменатиот концерн во вторникот е претставен во Москва, а е поинаков по тоа што сега нивните производи - „го штитат мирот“, јавува Гардијан.
Со оглед на тоа дека америкаснките санкции на Русија го запреа извозот во САД и Канада, од Калашников организирале силна руска агенција како би ги ребрендирала и би им го сменила имиџот на светско ниво. Според зборовите на директорот на Калашников, Алексиј Криворучко, Калашников е руски симбол кој е како таков познат ширум светот.
„Ребрендингот е симбол на промени во нашата работа и асортимани кои веќе долго се подготвуваат. Новиот бренд ќе ги одржи нашите главни начела: доверба, одговорност и технолошка ефикасност“, нагласил Криворучко.
Шефот на Руската технологија и компанија која има контролен дел во Калашников, Сергеј Чемезов, рекол дека се надева дека новиот имиџ во светот ќе стане познат како Епл.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




