Добивај вести на Viber
Неколку десетина албански политички партии и здруженија, без двете најмоќни партии, излегоа на улиците во Скопје барајќи оставка од владата и нов договор за иднината на Македонија.
Вкупно 44 политички партии, здруженија и невладини организации учествуваат во протестот насочен против владата на премиерот Никола Груевски и неговиот коалиционен партнер лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Организаторите, потенцирајќи дека собирот е исклучиво албански, одговориле дека во политичката криза која со месеци ја тресе земјава, единствено не се слуша гласот на Албанците.
Демонстрантите ќе одржат неколку говори кај мостот кадешто ќе биде поставена и бина. Тие мирно маршираат, а на протестот впечатливи се црвените маици и албанските знамиња, а некои порачаа да не ги етикетираат како шиптари носејќи го со себе транспарентот „Don’t you Shqiptar me“.
Поддршка на протестот му пружија и неколку здруженија на Албанци од Косово и западна Европа.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/dc_AlPUx7HQ[/embed]
(Видео:
A1он- Фото:
НоваТВ)