ВИДЕО: Силно невреме го зафати Скопје
Објавено во: Македонија 06 Август, 2016
Попладнево, според најавите на метеоролозите се очекуваше нестабилно време.
Прогнозите се покажаа како точни и во моментов во главниот град врне силен дож проследен со силни грмотевици.
Дува силен ветер.
Врнежи во западниот регион се можни и во текот на вечерта, а локално и во ноќните часови,Денеска термометрите и субјективното чувство за топлина нема да се „поклопат“. Она што се очекува објективно да се измери со термометар се вредности од 32°С и 35°С во котлините централниот, северниот и источниот регион, а на југот на течението на Вардар околу 37°С. Охридско-преспанскиот крај денеска ќе има максимална околу 32°С. Заради спарината субјективно ќе чувствуваме дека е потопло во однос на реалната температура.
Во видеото можете да погледнете како е моментално во Скопје.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/BOFaanUseXI[/embed]