Видео: Скандалите на „Браќа Манаки“ се редат како на филмска лента
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2016
Фестивалот „Браќа Манаки“ како еден од најпрестижните во светот за кинематографија и филмска камера годинава падна во сенка на скандалите, жестоките изјави и обвинување и необичните појави.
Како што почна така и заврши, за жал без фокусирање на филмовите, режисерите, актерите, кинематографите, без оглед колку и да сакаме да посветиме внимание на овие детаљи верувајте дека јавноста годинава нема да го запамти името на добитникот на Златна камера 300, ниту пак на останатите почестени филмаџии.
На затворањето се случи уште еден „инцидент“, откако две учеснички од забранетиот перформанс „Циклуси на животот“ втрчаа на сцената и ги собуа балетанките, алудирајќи на претходно босата водителка, по што обезбедувањето ги отстрани од сцената, а моментот го улови битолската ТВ Орбис.