(ВИДЕО) Старото Ферари со нов сјај
Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2014 18:36
Еден од моделите на италијанскиот произведувач кој во текот низ годините трпеше големи критики сега доби помош од современата технологија која му го врати стариот сјај и гордост.
Во текот на 80-тите и почетокот на 90-тите моделот на Ферари 348 беше главната надеж на италијанската компанија. Иако овој модел изгледа и звучи како вистински супер автомобил критичарите го критикуваа поради тоа што не е толку брзо како што изгледа.
Следеше верзија со додаден назив „Challenger“, но таа не донесе значително подобрување. Денес, некои 30 години откако официјално престана да се произведува овој модел модерната технологија „стапи на сцена“ и на овој тркач конечно му даде сила и моќ која секогаш заслужуваше да ја има.
Овој модел изгледа како стандарден Ферари 348, дури има оригинални „Challenger“ тркала, но тие се всушност многу изменети и доградени. Некои делови се целосно заменети со нови, додека други се позајмени од моделот 355 кој го наследил овој „коњ“.
Сега Ферари 348 има V8 мотор со 610 коња со мануелен менувач, бидејќи е произведен уште во 80-тите. Се одликува со одлично управување и звук што дава впечаток на вистинска тркачка машина.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




