Добивај вести на Viber
Тензиите во Скопје, каде што продолжува вонредната состојба, ескалираа. Луѓето од настраданите подрачја се незадоволни од темпото со кое работат спасувачките екипи.
Денес приврзаник на поранешниот премиер Никола Груевски удри човек. Гневот беше предизвикан откако мажот си дозволи да направи забелешка на сметка на екс премиерот Груевски за работата во настраданите подрачја.
Македонија се бори со последиците од катастрофалната бура, која го однесе животот на 22 лица. Шестмина се уште се водат како исчезнати.
Армиски и полициски единици продолжуваат да ги расчистуваат урнатините на куќите.
Претходно, новинарка од бугарската
ТВ Нова го праша Груевски како ја оценува организацијата, бидејќи народот зборува дека воопшто не чини, но не доби никаков одговор, освен дека ќе кажел подоцна.
Ова не е единствениот случај во кој револтирани граѓани ги избркаа функционерите од владечката гарнитура.