(ВИДЕО) Вака се шири бизнис: Цукерберг одржа говор на кинески јазик!
Објавено во: Мои пари 23 Октомври, 2014 18:23
Иако тврди дека тоа е поради фактот дека сака предизвици, па и поради тоа што ожени девојка чии корени и припаѓаат на таа земја, висстината е дека Марк, всушност, се обидува да им го турне Фејс во Кина на сите начини, па и со учење на кинески јазик!
Коосновачот на социјалната мрежа Фејсбук Марк Цукерберг (30) одржа на кинески јазик полачасовен говор во преполната сала на престижниот кинески универзитет Цингуа, а студентите неговото обраќање го поздравија со аплауз.
Фејсбук е забранет во Кина, а Цукерберг со својот говор на кинески очигледно сакал да ги освои „срцата и умовите“ во Пекинг. Тој говорел на различни теми, вклучувајќи ја неговата филозофија за основањето на компанијата, неговите погледи на кинеските иновации, но изнел и некои лични работи, како што се омилена боја, омилено кинеско јадење и кинеско-американското семејство на неговата сопруга Присли Чан. „Сакам да студирам кинеска култура“, рекол Цукерберг, кој навел дека „учењето на јазикот му помага да учи за културата“.
„Затоа, се обидувам да научам јазик. Исто така, јас сакам предизвици“, истакнал Цукерберг. „Многу е тешко да се развива компанија. Многу работи не одат лесно. Морате да донесувате тешки одлуки. Можеби ќе морате да отпуштите некои луѓе“, рекол Цукерберг. „Ако не верувате во вашата мисија, многу лесно се откажувате. Многу основачи се откажуваат. Но, не и најдобрите“, истакнал основачот на Фејсбук компанијата.
Фејсбук не е достапен во Кина од 2009 година како ни другите светски социјални мрежи како што се Твитер, Јутјуб и Инстаграм, кои се наоѓаат на црната листа на Комунистичката партија на Кина. И покрај тие мерки, многу кинески државни новински организации и владини тела одржуваат профили на социјални мрежи, а претставниците на Фејсбук често престојуваат во Пекинг, учествувајќи во работата на коференции посветени на техниката и се состануваат со бизнисмените и претставниците на владата.
Основачот на Фејсбук престојувал во Кина веќе четири пати, а во средината на октомври е именуван за член на советодавниот одбор во школата за економија и менаџмент при Универзитетот Цингуа, што е чекор напред во зајакнувањето во односитте на компанијата со Кина.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




