(ВИДЕО) Вистинската слика за „Мекдоналдс“? Конечно покажаа како се прават славните хамбургери
Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2014
Соочени со се полошата репутација во јавноста, најголемиот ланец на брза исхрана во светот, „Мекдоналдс“, покрена нова кaмпања како би го поправил имиџот, но и на своите конзументи им покажа како се произведуваат нивните хамбургери.
По повод таа кампања американскиот прехрамбен гигант ја отвори вратата на телевизиските камери во фабриката во Калифорнија, каде новинарите на лице место сведочеа за производствениот процес.
Во фабриката која дневно обработува речиси 200 тони месо работниците на „Мекдоналдс“ потврдија дека нивните бургери се прават од чисто говедско.
Освен што ги отворија вратите на своите фабрики, „Мекдоналдс“ оваа недела во склоп на кампањата на социјалните мрежи ќе одговара на прашања и одговори кои им ги поставуваат нивните конзументи.
-Го започнуваме патувањето под името „Наша храна, ваши прашања“. Сакаме да ја отвориме вратата и да им дозволиме на нашите купувачи да не прашаат било што, а ние ќе им дадеме одговор - рекол директорот за квалитет Rickette Collins.
Со оглед дека „Мекдоналдс“ има 35 илјади ресторани во светот, често се поставува прашањето како успеваат да произведат огромни количини храна за да ги опремат истите. Поради тоа честопати е доведен во прашање нивниот квалитет со што оваа компанија сака да се промени.
-Ова не го правиме поради заработка туку поради нашите конзументи да ја дознаат вистината за сувата храна на „Мекдоналдс“ - рекол бренд менаџерот Kevin Newell.
Овој пат секој кој сака може да добие одговор на прашања во врска со нивните бургери а кои со текот на времето станаа мит. Така компанијата морала да ја увери јавноста дека во нив нема човечко месо туку говедско која кое не содржи црви.