(ВИДЕО) Windows 95 на паметен часовник? Може!
Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2014
Шеснаесет годишниот веб програмер Корбин Дивенпорт, го хакирал својот Android Wear паметен часовник (Samsung Gear Live) и на него го поставил Windows 95 оперативниот систем.
Овој тинејџер успеал да пронајде начин како стариот smart screen да го внесе на Android Wear, користејќи го емулациониот софтвер под име aDosBox.
Иако минијатурното старт мени е симпатично, во праксата е прилично бескорисен. Инаку, Корбин Дивенпорт ни е познат од порано, бидејќи на Android Wearуспеал да внесе и Doom i Minecraft.